25. Рибарот и реката

Еден рибар ловел риби во некоја река. Γи распнал своите мрежи опфаќајќи го целиот тек, од едната до другата странa на реката, а потем врзал камен за едно јаже и со него зел да ја удира водата, за да фатат рибите да бегаат и не внимавајќи да паднат во мрежата. Некој од околните жители го видел што прави, па почнал да му префрла оти ја мати реката и не им дава да пијат бистра вода. А овој одговорил: „Но, доколку вака не се замати реката, јас ќе треба да умрам од глад.“

Така и во државите, народните вожди најлесно „си работат“ тогаш кога татковината ја втурнуваат во метеж.

25.  Ἁλιεύς

Ἁλιεὺς ἔν τινι ποταμῷ ἡλίευε. Καὶ δὴ κατατείνας τὰ δίκτυα ὡς περιέλαβεν ἑκατέρωθεν τὸ ῥεῦμα, προσδήσας κάλῳ λίθον, ἔτυπτε τὸ ὕδωρ, ὅπως οἱ ἰχθύες φεύγοντες ἀπαραφυλάκτως τοῖς βρόχοις ἐμπέσωσι. Τῶν δὲ περὶ τὸν τόπον οἰκούντων τις θεασάμενος αὐτὸν τοῦτο ποιοῦντα, ἐμέμφετο, ὡς τὸν ποταμὸν θολοῦντα καὶ μὴ ἐῶντα αὐτοὺς διαυγὲς ὕδωρ πίνειν· ὁ δὲ ἀπεκρίνατο· ,,ἀλλʼ ἐὰν μὴ οὕτως ὁ ποταμὸς ταράσσηται, ἐμὲ δεήσει λιμώττοντα ἀποθανεῖν.“

Οὕτω καὶ τῶν πόλεων οἱ δημαγωγοὶ τότε μάλιστα ἐργάζονται, ὅταν τὰς πατρίδας εἰς στάσεις περιάγωσιν.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *