22. Петлите и еребицата

Некој човек кој имал петли в куќата, кога наишол на питома еребица што била на продажба, ја купил и си ја однел дома да ја храни заедно со петлите. Но, бидејќи овие ја колвале и бркале, еребицата станала потиштена, мислејќи дека ја презираат поради тоа што е странец. Арно ама, малку подоцна, кога видела како петлите се борат меѓу себе и не отстапуваат пред еден со друг да се испотепаат, си рекла во себе: „Ами, јас веќе не се јадосувам што овие ме колваат, зашто гледам дека тие ни самите себеси не се штедат.“

Басната објаснува дека умните полесно ги прифаќаат дрзостите на соседите, кога гледаат дека тие не ги штедат ни своите домашни.

22. Ἀλεκτρυόνες καὶ Πέρδιξ

Ἀλεκτρυόνας τις ἐπὶ τῆς οἰκίας ἔχων, ὡς περιέτυχε πέρδικι τιθασσῷ πωλουμένῳ, τοῦτον ἀγοράσας ἐκόμισεν οἴκαδε ὡς συντραφησόμενον. Τῶν δὲ τυπτόντων αὐτὸν καὶ ἐκδιωκόντων, ὁ πέρδιξ ἐβαρυθύμει, νομίζων διὰ τοῦτο αὐτὸν καταφρονεῖσθαι, ὅτι ἀλλόφυλός ἐστι· μικρὸν δὲ ὕστερον ὡς ἐθεάσατο τοὺς ἀλεκτρυόνας πρὸς ἑαυτοὺς μαχομένους, καὶ οὐ πρότερον ἀποστάντας, πρὶν ἢ ἀλλήλους πατάξαι, ἔφη πρὸς ἑαυτόν· ,,ἀλλʼ ἔγωγε οὐκ ἄχθομαι ὑπὸ τούτων τυπτόμενος· ὁρῶ γὰρ αὐτοὺς οὐδὲ αὐτῶν. ἀπεχομένους.“

Ὁ λόγος δηλοῖ, ὅτι ῥᾳδίως τὰς ἐκ τῶν πέλας ὕβρεις οἱ φρόνιμοι δέχονται, ὅταν ἴδωσιν αὐτοὺς μηδὲ τῶν οἰκείων ἀπεχομένους.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *