19. Ајсоп во бродоградилиште

Еднаш, Ајсоп баснотворецот имал слободно време на располагање, па влегол во некое бродоградилиште. Бродоградителите зеле да го задеваат, предизвикувајќи го нешто да им одврати, па Ајсоп им раскажал приказна: „Некогаш в дамнина имало само хаос и вода. А Ѕевс сакал да го извади на виделина и елементот земја, па ја наговорил Земјата да сркне до три пати од морето. Почнала таа и, првиот пат ги појавила планините; кога сркнала вторпат, ги разоткрила и долините. А, доколку реши и трет пат да отпие од водата, е тогаш бесполезен ќе ви стане занаетов.“

Басната објаснува дека оние кои им се потсмеваат на подобрите, без да забележат си навлекуваат од нив уште поголеми срамови.

19. Αἴσωπος ἐν ναυπηγίῳ

Αἴσωπός ποτε ὁ λογοποιὸς σχολὴν ἄγων εἰς ναυπήγιον εἰσῆλθε· τῶν δὲ ναυπηγῶν σκωπτόντων τε αὐτὸν καὶ ἐκκαλουμένων εἰς ἀπόκρισιν, ὁ Αἴσωπος ἔλεγε·,,Τὸ παλαιὸν χάος καὶ ὕδωρ γενέσθαι· τὸν δὲ Δία βουλόμενον καὶ τὸ τῆς γῆς στοιχεῖον ἀναδεῖξαι, παραινέσαι αὐτῇ, ὅπως ἐπὶ τρὶς ἐκροφήσῃ τὴν θάλασσαν. Κἀκείνη ἀρξαμένη τὸ μὲν πρῶτον τὰ ὄρη ἐξέφηνεν, ἐκ δευτέρου δὲ ἐκροφήσασα καὶ τὰ πεδία ἀπεγύμνωσεν· ἐὰν δὲ δόξῃ αὐτῇ καὶ τὸ τρίτον ἐκπιεῖν τὸ ὕδωρ, ἄχρηστος ὑμῖν ἡ τέχνη γενήσεται.“

Ὁ λόγος δηλοῖ, ὅτι οἱ τοὺς κρείττονας χλευάζοντες λανθάνουσι μείζονας ἑαυτοῖς τὰς ἀνίας ἐξ αὐτῶν ἐπισπώμενοι.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *