18. Козата и магарето

Некој човек си чувал коза и магаре. Козата му позавидела на магарето зашто нему му давале повеќе храна, па почнала да му зборува како него постојано го казнуваат, терајќи го час да врти мелнички камен, час да носи некаков товар. И затоа, го советувала да се преправи дека е падавичар и да падне во некој шанец, та така да си најде починка. А ова ѝ поверувало, па паднало и се испокршило. Господарот викнал лекар и го замолил да помогне. А лекарот рекол дека, за да оздрави, треба да му се вбризга белодробна течност од коза. И така, ја жртвувале козата и магарето го излечиле.

Оти, секој кој за друг измами приготвува, станува зачетник на сопствените зла.

18. Αἴξ καὶ Ὄνος

Αἶγα καὶ ὄνον ἔτρεφέ τις. δὲ αἴξ φθονήσασα τῷ ὄνῳ διὰ τὸ περισσὸν τῆς τροφῆς, ἔλεγεν, ὡς ἄπειρα κολάζῃ, ποτὲ μὲν ἀλήθων, ποτὲ δὲ ἀχθοφορῶν· καὶ συνεβούλευεν ἐπίληπτον ἑαυτὸν ποιῆσαι καὶ καταπεσεῖν ἔν τινι βόθρῳ, καὶ ἀναπαύσεως τυχεῖν. Ὁ δὲ πιστεύσας καὶ πεσὼν συνετρίβη. Ὁ δὲ δεσπότης τὸν ἰατρὸν καλέσας ᾔτει βοηθεῖν. Ὁ δὲ αἰγὸς πνεύμονα ἐγχυματίσαι ἔλεγεν αὐτῷ, καὶ τῆς ὑγείας τυχεῖν. Τὴν δὲ αἶγα θύσαντες τὸν ὄνον ἰάτρευον.

Ὅτι ὅστις καθʼ ἑτέρου δόλια μηχανᾶται, ἑαυτοῦ γίνεται τῶν κακῶν ἀρχηγός.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *