16. Мачорот и кокошките

Чул мачорот дека во некој чифлик има болни кокошки, па се престорил лекар, зел со себе некои инструменти пригодни за оваа дејност и пошол онаму. Кога стигнал, застанал пред чифликот и зел да ги прашува како се со здравјето. А тие, одвраќајќи му, рекле: „Добро, доколку ти се мавнеш одовде!“

Така и кај луѓето, лошите не им остануваат сокриени на паметните, дури и ако глумат најголема честитост.

16 б.  Кокошката и мачорот (Поинаку)

Еднаш на некоја кокошка ѝ се слошило, па залегнала. Ѕирнал мачорот во кокошарникот и вака рекол: „Како си, мила? Што ти е? Ако ти треба нешто, јави ми и сѐ ќе ти донесам! Ти само стани и ќе оздравиш.“ А таа на мачорот вака му рекла: „Ако ти патот си го продолжиш, јас нема да умрам; ќе живеам живот подолг и од срна!“

Басната ги разоткрива подмолните лицемери, кои велат дека се полни со љубов.

16. Αἴλουρος καὶ Ὄρνιθες

Αἴλουρος ἀκούσας ὅτι ἔν τινι ἐπαύλει ὄρνιθες νοσοῦσι, σχηματίσας ἑαυτὸν εἰς ἰατρὸν, καὶ τὰ τῆς ἐπιστήμης πρόσφορα ἀναλαβὼν ἐργαλεῖα, παρεγένετο, καὶ στὰς πρὸ τῆς ἐπαύλεως, ἐπυνθάνετο αὐτῶν πῶς ἔχοιεν· αἱ δὲ ὑποτυχοῦσαι ,,καλῶς,“ ἔφασαν, „ἐὰν σὺ ἐντεῦθεν ἀπαλλαγῇς.“

Οὕτω καὶ τῶν ἀνθρώπων οἱ πονηροὶ τοὺς φρονίμους οὐ λανθάνουσι, κἄν τὰ μάλιστα χρηστότητα ὑποκρίνωνται.

16b. Ὄρνις καὶ Αἴλουρος ( Ἄλλως )

Ὄρνις δήποτε κατακλιθεὶς ἠῤῥώστει· εἰς ὃν αἴλουρος προκύψας ἔφη ταῦτα· „πῶς ἔχεις, φίλε; τί δέ σοι; ἐάν τι χρήζῃς, ἀνάγγειλόν μοι, καὶ πάντα σοι παρέξω· ὅμως ἔγειρε, καὶ τεύξῃ τῆς ὑγιείας.“ Ἡ δὲ ἀπεκρίθη πρὸς τὸν αἴλουρον ταῦτα· „ἐὰν σὺ παρέλθῃς, ἐγὼ οὐκ ἀποθνήσκω· ζωὴν γὰρ ζήσω δορκάδος ὑπερτέραν.“

Τοὺς δολίους ὑποκριτὰς, τοὺς λέγοντας φιλεῖν, ὁ μῦθος ἐλέγχει.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *